Дали „Република Илинденска Македонија“ е ново предлог решение за спорот со Грција?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според информацијата која ја пренесе A1ON, повикувајќи се на дипломатски извори, „Република Илинденска Македонија“ е последниот предлог кој е прифатлив за двете страни, но сега мора да се претстави целиот сет за решавање на спорот за името во двете земји, пред политичките авторитети и јавноста.

 Доколку биде прифатлив овој предлог, ќе важи за севкупна употреба.

Премиерот Заев изјави дека во Софија е претставена опцијата која секако би можела да биде прифатена од двете страни и тоа е е комплетно решение.

,,Значи не се работи само за парцијални делови, но секако продолжуваат сега консултациите во двете земји за да видиме дали би можело тоа решение да биде прифатливо за двете страни“, изјави Заев на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со британската премиерка Тереза Меј.

Стево Пендаровски, веќе јавно го бранеше предлогот Република Илинденска Македонија. Во дебатна емисија рече дека ова име го отсликува историскиот континуитет на земјата.