Дали Ракитиќ со овој потег се прости од Барселона?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Барселона синоќа одигра лош натпревар во финалето од Купот и не успеа да дојде до пехарот, а денес главна тема во Шпанија е потегот кој го направи Иван Ракитиќ.

Многу критики беа испратни на сметка на тренерот Ернесто Валверде, но и на неговите фудбалери, меѓу кои беше и Иван Ракитиќ.

Ракитиќ, откако беше заменет, шутна едно шише во близина на клупата, па одби да се поздрави и да погледне било кој од останатите соиграчи и стручниот штаб на Барселона.

Веќе подолго време се шпекулира дека Ракитиќ може да замине од „Камп Ноу“, а медиумите тврдат дека синоќешниот потег дефинитивно е „билет“ за негово заминување.

„Нормално дека сум вознемирен. Ја почитувам одлуката на тренерот, но само сакав да помогнам. Дадов се од себе на теренот. Тоа е мојата реакција, каква е таква е, и не можам ништо повеќе да кажам“, истакна Ракитиќ по натпреварот.