Home Спорт Дали промашениот пенал од Меси е најава за светска титула за Аргентина?

Дали промашениот пенал од Меси е најава за светска титула за Аргентина?

Ако се водиме по традицијата, таа вели – ДА.

Аргентина вчера ја победи Полска и се пласираше во осминафиналето, иако Светското првенство го започна со пораз од Саудиска Арабија.

Во осминафиналето Аргентинците ќе играат против Австралија и секако дека „гаучосите“ се голем фаворит, меѓутоа не треба да се заборави дека веќе гледавме изненадување на овој Мундијал.

Интересно е што ако и веруваме на традицијата поради промашениот пенал на Меси шампион ќе биде Аргентина. За прпват на Светскиот трон Аргентина застана во 1978 година, тогаш Марио Кемпес промаши пенал во третото коло од групната фаза.

Исто се случи во 1986 година кога Аргентина по вторпат стана светски шампион. Тогаш Марадона во третото коло не реализираше најстрога казна. Така сега Меси исто така промашува во третото коло…

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…