Славни

Дали потклекна пред трендовите: „Селфито“ на Путин кое го разбранува светот

Го знаеме како челичен човек кој во јаност најчесто никогаш и никаде не изразува и покажува никакви емоции, па затоа ваквите ретки „испади“ се појава која навистина го привлекува вниманието и интригира.

Досега никогаш не сме го виделе Владимир Путин во вакво издание. Селфи фотографијата, на која Путин бакнува една своја обожавателка, го привлече вниманието на јавноста.

Сликата настанала по митингот на Путин на стадионот Лужники во Москва, на кој што според руските медиуми имаше 130.000 учесници.

По митингот Путин се согласил да се фотографира со своите поддржувачи, а особено внимание предизвика селфито со Лариса Сергукина.

Многумина се сомневаат во веродостојноста на фотографијата, објаснувајќи дека е тешко да го замислат резервираниот Путин да направи нешто така несериозно.

„Ова е опасен потег за важна личност како Путин. Мислам дека неговите телохранители останале затекнат од оваа постапка“, се вели во еден од коментарите.

„Девојката стана интернет ѕвезда. Сакам и јас селфи со претседателот“, се вели во друг коментар.

Дел од луѓето коментираат дека Путин и Лариса се познаваат од претходно, со оглед на тоа што таа се појавувала на неколку јавни настапи на претседателот.

Претседателските избори во Русија се закажани на 18 март.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top