Дали поради оваа парцела е неизвесно одржувањето на Суперкупот во Скопје?


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


За еден месец е предвидено да започне продажбата на влезниците за европскиот Суперкуп во фудбал кој е предвидено на осми август да се одржи на Градскиот стадион во Скопје.

Фановите на фудбалот ќе мора да издвојат од 15 до 40 евра ако сакаат во живо да го следат спектаклот кој во Скопје треба да ги донесе победниците од Лига на шампионите и од Лига на Европа, двете најзначајни клупски натпреварувања на стариот континент. Па така се вртат имињата на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и други големи ѕверки.

За да може Македонија да го овозможи овој голем натпревар таа мора да ги исполни критериумите поставени од УЕФА, со цел да се овозможи непречен и безбеден натпревар затоа што овој вид натпреварување УЕФА го сместила во прва категорија. Но, дали властите ќе успеат да стигнат да ги исполнат сите обврски? На само три месеци од закажаниот термин за Суперкупот колку и да се исполнуваат условите сепак една парцела покрај стадионот задава главоболки кај сите инволвирани во организацијата и логистиката на натпреварот, пренесува Макфакс.

Таа парцела, од фотографијата, со големина од околу три илјади квадрати, лоцирана северо-источно од стадионот, УЕФА ја има замислено како место на кое ќе се постават репортажните возила за пренос на натпреварот.

Локацијата е во продолжение на познатиот блок Кинески ѕид, но со оглед дека од сите други страни е отворена и нема згради проценето е дека од таму сигналот до сателитите за пренос на натпреварот би бил најдобар. Таа парцела практично беше паркинг простор, а деновиве е оградена и внатре се презеле некакви градежни активности. Но зошто ова парче земја покрај стадионот го става под ризик одржувањето на европскиот Суперкуп?

Изворно преземено од порталот Макфакс, а целосната истражувачка статија авторски потпишана од новинарот Љубиша Арсиќ можете да ја прочитате ТУКА.