Дали популарната музичка платформа ќе стане спонзор на Барса?


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Доаѓањето на Жоан Лапорта значи и нов почеток за Барселона поради огромните финансиски пронлеми кои клубот ги има во моментов.

Лапорта веднаш се пушти во работа и во потрага по нови спонзори за клубот, а шпанските медиуми пренесуваат дека се блиску до договор со музичката платформа „Спотифај“.

„Спотифај“ ќе ја наполни касата на Барселона со 340 милиони евра во наредните пет години и наскоро ќе следува потпис.

Барселона претходно склучи договор за спонзорство на ракавите од дресовите за 100 милиони евра за пет години, па овие спонзорства сигурно ќе му помогнат на Каталонците да ги надминат финансиските проблеми.

Барселона спрема реконструкција на тимот, па овие спонзорски договори ќе му помогнат на раководството да направи моќен тим.