Дали полека се ближи крајот на Фејсбук?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Повеќе од една деценија Фејсбук ужива огромна популарност меѓу корисниците на социјални мрежи, но изгледа дека на таа идила се ближи крајот. Статистиките покажуваат дека најшироката публика поминува сè помалку време на оваа платформа, нешто што може многу скапо да ја чини социјалната мрежа.

Дали за намалувањето на бројот и ангажманот на корисници придонесоа големиот број скандали кои се поврзани со Фејсбук или едноставно го прегази времето, а младите корисници на социјалните мрежи се свртуваат кон други платформи, како Инстаграм, – тоа е тешко да се каже, но статистиката не оди во прилог на овој технолошки гигант.

Според податоците на eMarketer, просечното време кое корисниците го минуваат на Фејсбук во текот на 2018 година се намалило за три минути. Минатата година корисниците на оваа социјална платформа во просек минувале по 38 минути на ден, а во 2017 година тој просек бил 41 минута на ден. eMarketer предвидува дека до 2020 година истиот треба да се намали на 37 минути на ден.

Главната аналитичарка од eMarketer, Дебра Ахо Вилијамсон, за Maschable изјави дека смета оди до тоа дошло поради намалувањето на „клик јадиците“ (click baits) на Фејсбук, но и поради сè помалата популарност на оваа социјална мрежа меѓу тинејџерите.

Неколку минути дневно можеби не делува како многу време, но треба да се земе во предвид дека Фејсбук на големо се финансира од огласи, па намалениот интерес кај корисниците никако не им оди во прилог.