Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез денес даде изјава која предизвика големо внимание во фудбалската јавност.
Имено, Перез знае со кого ќе играт „кралевите“ во полуфиналето од ЛШ, а притоа посакува финале со Барселона во Лигата на шампиони.
„Дали сакаме да играме против Барселона во финалето оваа сезона? За почеток, важно е да стигнеме таму. Секако дека е можно, но прво ќе се сретнеме со Баерн бидејќи секогаш играме со нив. Доколку се пласираме во финалето и за трофејот се бориме со Барселона јас ќе се сетам на нашите победи во Суперкупот на Шпанија. Беше 3:1 на гости и 2:0 на нашиот стадион. Сепак, ние најпрвин мора да го елиминираме Јувентус“, изјави Перез.
Реал Мадрид и Баен до сега се сретнале рекордни 24 пати во Лигата на шампиони, а дури 6 пати играле во полуфиналето на најелитното натпреварување во Европа