Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако одлуката за повлекување од професионалниот фудбал како играч на македонската фудбалска легенда од светски калибар Горан Пандев се најавуваше дека е конечна сепак, македонската фудбалска легенда би можела да одигра и уште една сезона.
Последните најави од Италија од „Спорт Парма“ се дека Пандев наводно размислува да ја продолжи кариерата на уште една сезона. Конечната одлука според најавите Пандев ќе ја донесе во наредните неколку дена.
Сезонава Пандев одигра 11 натпревари за Парма каде што пристигна во јануари и во нив постигна еден гол и запиша една асистенција. Медиумот кој се повикува на информации добиени блиску од Пандев пренесува дека во овој момент Пандев е поблиску до продолжување. Сепак, се истакнува дека ако Пандев продолжи тоа би било друг клуб.