Дали овој природен феномен може да се искористи за „измамување на смртта“?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Природниот феномен „ригор мортис“ т.е „вкочанетоста на смртта“ кај црвите се случува во првите фази на смртта (додека уште се живи), за разлика од луѓето кај што тој спаѓа во последните фази на смртта.

Тим молекуларни биолози од лондонскиот универзитетски колеџ забележале дека кај црвот Caenorhabditis elegans смртта не настапува со престанувањето на циркулацијата на крвта, како што е случај кај луѓето кај кои откога срцето запира да чука и мозокот престанува да функционира.

Црвите се толку мали што не им е потребен циркулаторен систем за да добијат кислород за дишење.

Во 2013, членови од истиот тим откриле дека при смртта, овие црви испуштаат интензивна сина флуорeсценција која како бран поминува низ нивните тела додека им изумираат клетките.

Овој пат, тие откриле дека синот бран на некроза е проследен со вкочанување слично на ригор мортис при што мускулите се стегаат при финална контракција пред смртта – иако остатокот на телото продолжува да се движи како ништо да не се случува.

Проблемот тука бил калциумот. Како што смртта се шири низ телото, клетките кои умираат ја предизвикуваат смртта на оние до нив ослободувајќи ја хемикалијата и додека овој бран стигне до цревото, сината флуоресценција е генерирана од антранилната киселина.

Каква поврзаност има сето ова со човечката смртност?

Во центарот на оваа загатка е ATP (adenosine triphosphat), молекуларната единица на трансферот на енергија во сите живи суштества.

Клетките го испуштаат нивниот смртоносен калциум кога нивото на ATP ќе се намали до крај, но не е познато како, зошто и кога тоа ниво почнува да се намалува и во која фаза смртта на еден организам станува неизбежна.

Откривањето на ригот мортисот кај црвите претставува клучен чекор во синџирот настани кои водат од здраво зрело доба до смрт од старост. Сега засега науката ги нема сите одговори дали овие процеси можат да се модифицираат или можеби сопрат.

Начинот на кој смртта се проширува од клетка на клетка со калциумот е како оној на куќа која почнува да гори, а на науката останува да открие начин како тој оган да се изгасне.