Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Актерот и оскаровец кој во, но и надвор од Холивуд важи за еден од најголемите заводници и најпосакувани ергени, Леонардо Ди Каприо, е познат како кршач на женски срца кој зад себе има љубовни врски со буквално најубавите и најпознати жени и манекенки на денешницата. А досега воопшто ниту размислувал (барем ништо не кажал), ниту планирал нешто поврзано со венчавка и женачка.
Но, како што пишуваат западните „мејнстрим“ медиуми, славниот актер и шармер изгледа конечно е подготвен семејно да се скраси со 21 годишната манекенка Камила Мороне.
Тие се веќе осум месеци во врска, што за Ди Каприо е најдолга врска досега. Камила и Леонардо се сродни души, велат нивните познаници за американските таблоиди. Младата манекенка е инаку ќерка на аргентинската актерка Лусила Солa, која е врсничка со Ди Каприо. Лусила, пак, е позната по врската со Ал Пачино.
Последните неколку години , пред да ја сретне Камила , Леонардо многу често ги менуваше девојките, но неговите пријатели овој пат велат дека тој е заљубен во Камила како во ниедна друга девојка претходно.