Дали оваа славна пејачка може да ја замени Викторија Бекам на турнеја од „Спајс Грлс“?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На гостувањето во „Late Night Show“ кај водителот Џејмс Кордејн, бившата „спајсица“ Мел Б откри дека има предлог славната пејачка Кети Пери да го заземе местото на Викторија Бекам за одржување на повратничката турнеја на „Спајс Грлс“.

43-годишната Мел Б тврди дека турнејата на „Спајс Грлс“ 100% ќе се реализира, со или без Викторија Бекам која денес е успешна дизајнерка и бизнисменка.

Оливија Мун, која исто така беше гостинка во емисијата, на шега предложи дека групата можеби треба да земе различни славни личности кои ќе ја заменуваат Бекам за време на турнејата, а Мел Б на тоа одговори: „Кети Пери би била одлична, нели?“

Таа исто така додаде дека другите три членки „дефинитивно“ ќе ѝ се придружат на сцена и турнејата 100% ќе се случи.

Викторија Бекам, пак, одлично се забавуваше на приватна забава танцувајќи лудо токму на хитот од „Спајс Грлс“.