Дали оваа емисија беше причина за грозоморното убиство на новинарката Маринова?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дали последното емитувано издание на емисијата „Детектор“ која ја водеше Викторија Маринова, емитувано на 30 септември, беше причината за нејзиното грозоморно убиство со силување и претепување е тема на дебати и дискусии откако нејзиното тело беше пронајдено мртво и уништено од претепувањето.

Маринова разговарала со нејзините колеги, Бугаринот Димитар Стојанов и Романецот Атила Биро, во врска со поврзаноста на политичарите и бизнисмените со злоупотребата на ЕУ-фондовите. Стојанов и Биро потоа накратко биле задржани од страна на полицијата.

Последната емитувана приказна на која работеше Маринова со група бугарски новинари, беше за компаниите кои се вмешани во инфраструктурни проекти кои ги финансирала Унијата, а со кои управувале локалните власти.

„Повторно еден храбар новинар настрада во борбата за вистината и против корупцијата. Внимателно ќе ја следам истрагата и ја нудам помошта од агенциите на ЕУ.“ – изјави Франс Тимерманс – потпретседател на Европската Комисија.

Европската и Меѓународната федерација на новинари исто така побараа од бугарските власти во најбрз можен рок да ги идентификуваат и казнат одговорните и побараа општа европска мобилизација на земјите членки на ЕУ за заштита на новинарите.

„Уште еднаш новинар кој покрива корупција беше грозоморно убиен. Истражувачкото новинарство во Европа се повеќе е во опасност. Време е за акција од страна на државите.“ – изјави Антони Беланже – генерален секретар на Меѓународната федерација на новинари.

Според досегашната истрага, безживотното тело на Маринова е пронајдено вчера во парк во градот Русе, во близина на Дунав. Смртта е предизвикана од удари во главата и од гушење, а бугарскиот министер за внатрешни работи, Младен Маринов, потврди дека жртвата, била и силувана.

Колегите новинари на Маринова се згрозени од бруталното убиствоо. Велат дека ова е егзекуција и предупредување за останатите кои работат истражувачко новинарство.