Дали ова откритие ќе спаси милиони животи ширум светот?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Група американски истражувачи дојдоа до откритие на нова класа антибиотици кои се способни да ги уништат бактериите кои се веќе отпорни на постоечките лекови. Откритието го направиле додека истражувале примероци од почва.

Новата класа на антибиотици се нарекува малацидини, а се изолира од бактерии кои живеат во почвата.

Доктор Шон Брејди и неговите колеги од Универзитетот Рокфелер во Њујорк анализирале ДНК на повеќе од 1.000 примероци почва во потрага по нов лек, кој ќе се бори против бактериите на нов начин.

Антибиотикот успеал да го нападне клучниот дел од ѕидот на клетките на бактеријата – механизам што не може да овозможи микроорганизимите да развијат резистентност на лекови. Новиот антибиотик за време на тестирањата успеал да излечи упорна инфекција на кожа кај животни, која не можела да се излечи со постоечките антибиотици.

Центарот за контрола и превенција на болести проценува дека секоја година околу 2 милиони луѓе во САД умираат поради резистентност на антибиотици, а 23 илјди луѓе умираат конкретно од бактерии.

„Во недостаток на нови терапии, смртноста од опасни инфекции е во постојан раст и ќе биде сериозна закана до 2050 година“, предупредуваат лекарите.