Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Опожарениот автомобил марка Ауди кој медиумите веднаш го поврзаа со Артан Груби отвори дилема дали вицепремиерот криел имот и не го пријавил во својот анкетен лист. Како што објави Груби, возилото е во сопственост на негов пријател, а нападот бил насочен кон него.
И во МВР, автомобилот се води на лице со иницијали Б.Л., а не на Груби. Но, се поставува прашањето зошто возило кое не е негово, било паркирано пред неговата зграда во текот на ноќта, пренесува Фокус.
Според министерот за надоврешни работи, Бујар Османи, Аудито е на неговиот колега Груби. Како реакција на палањето на автомобилот, Османи на својот приватен Фејсбук профил напиша:
-Револтиран сум од веста за одвратниот чин – палењето на возилото на вицепремиерот Груби.
Овој грозоморен чин на насилство не е само напад на почитуван колега, туку и навреда за нашите демократски вредности и структурата на нашето општество.
Ова го кажувам, не само како министер, туку и како загрижен граѓанин, за најостро да го осудам овој чин на подметнување пожар. Насилството нема место во цивилизирано општество и таквите постапки никогаш не можат да се оправдаат. Ги повикувам властите да спроведат темелна истрага за да се открие вистината зад овој инцидент и веднаш да се изведат одговорните пред лицето на правдата. Мора да има одговорност за таквите постапки кои ја загрозуваат безбедноста и интегритетот на нашите демократски институции. Ние сме општество изградено врз принципите на мир, толеранција и почитување еден кон друг. Нашата сила лежи во нашето единство и заедно можеме да го надминеме секој предизвик што ќе ни се појави, напиша Османи.
Истражните органи сега треба да утврдат кој е вистинскиот сопстевеник на Аудито и дали вицепремиерот Груби криел имот со тоа што го впишал на туѓо име.