Дали одлуката на Бујар Османи да не оди на конференција во БиХ е владина или лична?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во Македонија веќе сериозно се поставува прашањето кога, како и каде се носат некои владини институционални одлуки и се решава за постапките на владини официјални лица од политичкиот врв.

Бурни реакции поттикна тоа што вицепремиерот за европски прашања, важен претставник на Република Македонија, Бујар Османи го откажа гостувањето на конференцијата во БиХ посветена на земјите од Западен Балкан, а како причина го наведува тоа што не биле повикани претставници од Косово.

Кој одлучува за ова присуство и чиј е „ суверенитетот “ кога се работи за вакви важни прашања?

Османи ја потврди информацијата и се изјасни дека се работи за принцип. На тоа следуваше и одговор од Владата на РМ.

„Вицепремиерот Бујар Османи има донесено сопствена процена да не учествува на конференцијата посветена на Западен Балкан. За ова прашање не е разговарано на ниво на Влада на РМ и се работи за проценка на вицепремиерот“, велат од Владата на Република Македонија.

Како ќе влијае оваа проценка на Османи, кој претходно се консултирал со министерот за надворешни работи на Албанија и заеднички одлучиле да ја бојкотираат конференцијата со своето неприсуство, останува да видиме.

Инаку, Косово не е признаено од БиХ.