Дали новиот „Пат“ ќе му го расипе есапот на „Фејсбук“?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако четири години ги поминал како вработен во технолошкиот гигант „Фејсбук“ во секторот за развој на технологија „Facebook Conнect“, Дејв Морин добил чувство дека ситуацијата со најпопуларната социјална мрежа почнала поради претераното „спријателување“ на луѓето со знати и незнати и споделувањето на огромното количество на приватни информации. 

Тоа го навело да размислува дека можеби се јавила потреба од нова мрежа како „Фејсбук“ на која нема да се склучуваат пријателства со непознати луѓе, туку ќе користи како сервис за комуникација само со најблиските.

Оваа идеја ја реализирал во 2010 година, кога го напуштил „Фејсбук“ и ја иницирал „Пат“ (Path). На оваа мрежа бројот на пријатели бил ограничен на 50, така што била овозможена комуникација само со роднините и со вистинските пријатели (тој број дополнително бил зголемен и со текот на времето ограничувањето било укинато). На почетокот оваа мрежа привлекла големо внимание кај корисниците и во Силиконската долина, а медиумите за неа пишувале како за „лична и интимна социјална мрежа која би требало да нè спаси од ’Фејсбук‘“.

Сепак, Морин не го постигнал посакуваниот успех со „Пат“, па во 2015 година ѝ ја продал на јужнокорејска компанија. Но, според неговата објава на „Твитер“, постои можност за развој на нова верзија на нова верзија на „Пат“ или развој на целосно нова мрежа која би требало да ги привлече разочараните корисници на „Фејсбук“.

Сега веројатно е вистинскиот момент

Имено, по почетокот на скандалот со „Кембриџ Аналитика“, Дејв Морин вели дека контактирал голем број луѓе и дека е воодушевен од големиот број барања за нова верзија на „Пат“. По објавата на твитот го контактирале поранешен директор во „Пат“ и двајца инвеститори што се подготвени да вложат средства во овој потенцијален проект.

Ги повикал да се пријават сите што се заинтересирани за соработка на ваква мрежа, па ако се собере добра екипа која има страст за проектот со новата социјална мрежа, ќе почнат со нејзино развивање.

Ако некогаш постоел добар момент за нова социјална мрежа, тој дефинитивно е сега, кога голем број медиуми, корисници и политичари го напаѓаат и го критикуваат „Фејсбук“, а движењето #DeleteFacebook молскавично се шири на интернет. Треба да се спомене дека сè уште нема никакви податоци колку луѓе вистински ги избришале своите профили на оваа мрежа, бидејќи кога ќе се расчисти прашината околу овој скандал, повеќето луѓе веројатно ќе продолжат да го користат „Фејсбук“ како и претходно, можеби само со малку поголема внимателност.

Но, ако продолжи овој негативен тренд поврзан со мрежата на Закерберг и корисниците вистински почнат да бараат алтернативна мрежа преку која ќе комуницираат со пријателите, новата верзија на „Пат“ или „Веро“ се чини интересен избор за таквите корисници кои имаат сериозна намера да го избришат својот профил на „Фејсбук“ или да се исклучат од неа на одредено време.