Дали новата верзија Андроид 11 ќе го донесе и крајот на апликациите?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Апликациите за мобилните телефони денес ни делуваат и фунционираат како одличен практичен изум.

Пример, сакате да научите нешто – преземете апликација за тоа. Ви треба помош при вежбањето? Има апликација за тоа. Но, колку повеќе апликации преземате, толку потешко станува користењето на сите нив бидејќи секоја апликација врши само една работа. Со претставувањето на пробната верзија на „Андроид 11“ гледаме дека компанијата „Гугл“ веќе работи на случајот.

Најновата верзија од оперативниот систем има дел наречен „Контроли“ со кој може да користите кредитна картичка, да го отклучите автомобилот или да вклучите светилка без да ја барате соодветната апликација за тоа. Сите овие функции што се поврзани со уреди во домот сега ќе бидат достапни со копче наместо апликација.

Ален Хуанг, менаџер во „Гугл“, вели дека новата функција била замислена како место на телефонот кое би се користело кога корисникот треба да направи нешто поврзано со физичкиот свет.

– Гледаме на ова како на дигитална верзија на паричникот и клучевите – вели тој.

Дали новите опции на телефоните како оваа еден ден ќе го донесат крајот на апликациите, останува да видиме. Во моментов главната функција на опцијата останува спојувањето на мобилниот телефон со паметните уреди во домот.