Дали нивниот развод ќе биде еден од најскапите во Холивуд?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


После осум години поминати во брак, Елен ДеГенерис и Портија де Роси се разведуваат. Актерката Роси наводно веќе не можела да го поднесе однесувањето на ДеГенерис и меѓусебе имале сè повеќе кавги, вели извор близок на парот.

„Имаа бурни кавги поради однесувањето на Елен, односно, нејзината желба да контролира сè, како и поради проблемите со гневот. Се караа и поради проблемот на ДеГенерис со алкохолот и расипништвото во трошењето пари, главно на недвижнини. Освен тоа, проблем е и нејзиниот пренатрупан распоред, како и тоа што таа не сака Портија воопшто да работи“, вели изворот.

Додека парот очајнички се обидува да одглуми дека се во среќни брачни односи, разводот, како што тврди изворот, е неизбежен и би можел да биде прилично бурен со оглед на тоа дека Елен поседува богатство кое се проценува на 345 милиони долари.

„Добар дел од богатството на Елен е во игра. Ова би можело да биде еден од најскапите, најгрди и највалкани разводи во Холивуд“, продолжува неименуваниот извор.

ДеГенерис и де Роси врската ја започнаа во 2004 година, а се венчаа четири години подоцна, на приватна забава на Беверли Хилс.