Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Како што пренесуваат италијанските медиуми ПСЖ и Наполи се блиску до договор за трансфер на бразилскиот играч за врска, Алан.
„Светците“ сакаат по секоја цена да го донесат Бразилецот во Париз и се согласија да платат 100 милиони евра за неговиот потпис.
Најпрво испратија понуда од 80 милиони евра, која Наполи ја одби, а потоа се согласија да искешираат 100 милиони евра за 28-годишниот играч за врска.
Со цел да ги заобиколат правилата на УЕФА за Финансиски фер-плеј ПСЖ половина од оваа сума ќе ја плати во кеш, а останатата половина Наполи ќе ја добие преку спонзори од Катар.
Алан веќе има комплетен договор со ПСЖ каде годишно ќе заработува 8 милиони евра по сезона, што е пет пати повеќе од неговата плата во Наполи.
Светските медиуми се прашуваат дали УЕФА конечно ќе реагира и ќе го запре ова „лудило“ на францускиот клуб, кој веќе подолго време има проблеми со Финансискиот фер-плеј.
Меѓутоа, ПСЖ секогаш наоѓа начин како да ја „излаже“ УЕФА, или едноставно челните луѓе на европскиот фудбал „замижуваат“ пред богатите „светци“.
#Napoli, #Allan si avvicina al #Psg https://t.co/4x3ow8RGzJ pic.twitter.com/uTC9NVK7zM
— calciomercato.com (@cmdotcom) January 24, 2019