Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Според сознанијата и фактите со кои располагаат денешните научници и физичари, доколку некогаш паднеме во црна дупка, нашето тело најверојатно ќе бидете распарчени на голем број делови.
Сепак, едно најново истражување направено во таа област, укажува на тоа дека може да постојат црни дупки кои би можеле да „ни донесат“ некаков вид на бесмрност.
Тие би го избришале, односно уништиле целиот претходен живот на луѓето кои би паднале во нив и би ги заробиле во паралелен универзум со бесконечен број можни иднини.
Тоа е така бидејќи универзумот „од другата страна“ не би бил регулиран според причинско-последичните правила кои важат во нашиот систем.
Математичарот Питер Хинц од Универзитетот Калифорнија дојде до откритие со помош на пресметки засновани на одреден тип црни дупки со електрично напојување.
Во реалниот свет, нашето минато ја одредува нашата иднина и овој детерминизам владее со законите на физиката. Тоа значи дека физичките закони во нашиот универзум дозволуваат постоење на само една можна иднина.
Тргнувајќи по тие правила, доколку научниците откријат кога точно настанала вселената, теоретски може да пресметаат што ќе се случи до смртта на вселената и крајот на времето.
Овој детерминизам не важи за Рајснер-Нордстром-де Ситер црните дупки. Кога вселенскиот патник би паднал во ваква црна дупка постои веројатност дека ќе преживее. А доколку успее да ја избегне сингуларноста на црната дупка, би се нашол во друга врста на универзум, од другата страна на црната дупка.
Научниците не можат да предвидат што би се случило потоа, со оглед на тоа дека веќе нема причинско-последичен систем.
Исходот најверојатно би бил таков да минатото, сегашноста и иднината би постоеле во исто време.