Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Дали тој навистина ме сака или не? – е често прашање кое жените најмногу си го поставуваат…
Понекогаш е тешко да се разберат неговите чувства, па кога ќе каже „те сакам“ често се прашуваме дали навистина го мисли тоа или во тој момент го понесоа „емоции“. Затоа има и други фактори, односно гестови кои можат да ни покажат дали навистина се чувствува како што кажува. Дознајте кои се во продолжение…
1. Редовно ви праќа порака во која задолжително треба да кажете дека му недостигате;
2. Ги сака вашите утрински бакнежи, дури и ако не сте ги измиле забите;
3. Последниот залак ви го чува, токму затоа што е најсладок;
4. Прави планови за иднина каде што двајцата сте заедно;
5. Внимателно слуша кога му објаснувате настан во кој сте учествувале или сте го виделе;
6. Се сеќава каква облека ви се допаѓа и кои парчиња ги сакате, па ве изненадува со купувањето;
7. Мило му е што заработувате повеќе и нема комплекси околу тоа;
8. Ве запозна со сите негови роднини, пред се со родителите и најдобрите пријатели;
9. Бара од вас да напишете или потпишете картичка што ќе им ја даде на своите родители;
10. Ве охрабрува и ве турка напред во остварувањето на вашите цели;
11. Него не му пречи вашата програма за гледање телевизија и со задоволство ви го остава далечинското;
12. Ако се случи да не е со вас, секогаш ви посакува добра ноќ пред спиење;
13. Додека е со вас, не го допира и го игнорира телефонот;
14. Кога ќе доживеете некој успех, тој ве фали на сите и е многу задоволен;
15. Не му е проблем или срам да отиде до продавница и да ви купи хигиенски салфетки или тампони, кога вие не сте во можност;
16. Пред да донесете некоја важна одлука, мора да бидете консултирани;
17. Кога ќе забележи дека некој друг флертува со вас, тој е среќен, но и љубоморен во исто време;
18. Сака да се гушка со вас и не иницира секс секој пат;
19. Сака да се шегува на вас, но благо и комично;
20. Секој ден ти кажува дека те сака.