Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Првиот човек на Светската фудбалска федерација (ФИФА), претседателот Џани Инфантино му се закани на Катар дека може да остане без Мундијал доколку не покаже гостопримство кон сите навивачи.
Инфантино пред се мислеше на ЛГБТ популацијата чии припадници стравуваат за својата безбедност на Мундијалот, како и многу строготе закони кога е во прашање алкохолот и сексот.
„Ако Катар не сака да укаже гостопримство за сите навивачи, нема да биде организатор на Мундијалот. Светското првенство е настан кој ги собира сите луѓе“, изјави Инфантино, кој потоа зборуваше за проблемот со расизмот.
„На последните неколку големи натпреварувања, повеќе од 50% од играчите беа навредувани на расна основа. Сега е многу полошо кога е дискриминацијата во прашање. Ние ќе продолжиме да се бориме против расизмот и дискриминацијата“.