Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Една од основните и најважни карактеристики на било кој модерен паметен телефон е просторот за складирање податоци. Меморијата игра главна улога во гаранцијата дали вашиот нов уред ќе можете да го користите како што сакате.
Просторот за складирање кај телефоните станува се побитен, всушност апликациите со секој нов аптејт стануваат се потешки, исто така и игрите а да не зборуваме за фотографиите и видео фајловите кои телефоните ги прават.
Доколку на сето тоа се додадат и филмовите, сериите и песните кои сакате да ги имате во секој момент на располагање не е ни чудо што на многу корисници веќе после неколку месеци користење им снемува простор за складирање на податоци. На некои им се доволни 128 гигабајти, на други пак 512 гигабајти им се малку.
Многу телефони и понатака се испорачуваат со простор за складирање од 64 гигабајти а кај некои нискобуџетни телефони таа бројка е и помала. Сепак со добро менаџирање на податоците, доколку на вашиот телефон складирате само неопходни работи и редовно ги отстранувате непотребните фајлови 64 гигабајти се и повеќе од доволни, всушност за користење на основните секојдневни апликации и 16 гигабајти се сосема доволно а секогаш треба да имаме во предвид дека одредени телефони имаат и слот за мемориска картичка што може да ја зголеми меморијата на телефонот и до 1 терабајт.