Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо во мотивацијата пред вечерашниот натпревар против Селта и го дефинира како најважен во историјата на клубот.
Манчестер Јунајтед имаат минимална предност од 0:1 од првата средба во Шпанија, а вечерва на „Олд Трафорд“ ќе се обиде да го завери пласманот во финалето од Лига Европа.
„Моето чувство е дека овој натпревар е најважен во нашата историја. Не зборувам за себе. Зборувам за играчите и клубот. Трофеите се многу важни и од големо значење е да играме финале на европско клупско натпреварување. За овие фудбалери ќе биде успех“, истакна Специјалниот.
„Ситуацијата е едноставна. Игравме 17 натпревари во седум недели со 16 играчи. Тоа е невозможно. Губевме и губевме натпреварувачи и за краток интервал изгубивме четворица, Смолинг, Џонс, Рохо и Златан. Тоа е ситуацијата и треба да продолжиме да се бориме. Ако не се пласираме во Лигата на шампионите за следната сезона, тоа ќе биде бидејќи не сме биле доволно добри“, заклучи Мурињо.