Дали Мукоски и компанија ќе формираат засебна пратеничка група или ќе тераат „соло“?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Групата пратеници кои беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ, а со тоа и од нивната пратеничка група, имаат две опции на располагање во поглед на нивното пратеничко дејствување во Собранието.

Според деловникот, тие ги исполнуваат условите да формираат засебна, нова пратеничка група и да дејствуваат така. Другата опција е да дејствуваат како независни пратеници.

Ако се одлучат за опцијата пратеничка група, тогаш ќе треба да изберат и координатор, ќе полагаат право на стручна помош, но и на засебна просторија во рамки на Собранието. Исто така, имаат право да учествуваат во координациите и пратеничките договарања.

На Мукоски, Канческа-Милевска, Арнаудов, Исмајлоска-Старова, Василевски, Александрова и Рамчиловиќ можат да им се придружат и Владанка Авировиќ, која е од редот на социјалистите, како и Чедомир Саздовски, пратеникот од ГРОМ кој ги напушти партиските редови и реши да дјествува независно.