Advertisements
Актуелно

„Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија?“ – најубавите цитати на Гоце Делчев

Денеска се одбележуваат 147 години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев, еден од најзначајните ликови во македонската историја кој уште пред еден век се борел за македонската кауза и зачувување на македонскиот народ и идентитет. Еве некои од неговите познати цитати:

„Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите.”

„Да ја чуваме чистотата на ослободителното движење и Организацијата, тоа е првиот услов за нашиот успех. Ако тоа не го направиме, Македонија ќе падне под некоја од балканските држави, или ќе биде разделена помеѓу нив.“

„Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите”

„Јас не ги мразам Османлиите како народ, јас војувам против османлиската тиранија како владејачки систем…

„…Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има и народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија…”

„Труд и постојамство, тоа е силата, со помош на која човек станува највелик при секоја иницијатива“.

„Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа…“

Advertisements
To Top