Дали Москва ќе биде домаќин на нов спектакл кој ќе ги сруши планетарните рекорди?


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Ако се случи реванш „фајтерскиот“ дуел меѓу Кабиб Нурмагомедов и Конор МекГрегор, според сите проценки и најави, тоа ќе биде спектакл кој ќе ги сруши сите планетарни рекорди од светот на сите боречки спортови, во секој поглед, пренесува Спортски.мк.

Се наведува на тоа дека ќе гледаме и реванш борба помеѓу Кабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор! УФЦ конечно после неколку години лоша гледаност има борба која донесе милиони.

Борбата помеѓу Конор Мекгрегор и Кабиб Нурмагомедов на УФЦ донесе рекордна заработка, гледаност, аудиториум кој се броеше во милијарди, бидејќи скоро да нема човек на планетата кој е упатен со случувањата во светот, да не слушнал барем нешто за борбата на Дагестанецот и Ирецот.

Им донесе нова планетарна ѕвезда – Кабиб! Иако Нурмагомедов и претходно имаше популарност поради перфектниот скор кој сега изнесува 27:0 во професионалната кариера, дури после победата над Конор доби планетарна популарност, а УФЦ така конечно доби уште еден борец кој е ѕвезда во рангот на Мекгрегор.

Конор веќе започна преку социјалните мрежи да го најавува реваншот, а се појави и изјава од првиот човек на УФЦ дека Ирецот и побарал реванш. Додека сè уште не беше познато дали МеКгрегор и Кабиб воопшто ќе се борат. Конор порачуваше дека е спремен да се бори против него и во Русија.

Колку и Ирецот да го понижуваше Нурмагомедов пред борбата, толку секогаш искажуваше почит кон рускиот народ. Очигледно сакаше да ги придобие Русите, сметајќи дека пости разлика помеѓу рускиот и дагенстанскиот народ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Conor McGregor Official (@thenotoriousmma) on

На Светското првенство во Русија дури и гледаше натпревар на „Зборнајата“ и тоа во друштво на Владимир Путин.

Нема сомневање дека реванш во Москва би бил вистински филмски спектакл. Местото би бил култниот „Лужњики“ кој со сигурност би бил исполнет до последното место и таа борба би ја следеле околу 100.000 фанови.

Најголемиот руски стадион би била вистинска арена за таква борба која со нетрпение уште сега ја исчекува целиот свет. И самиот Нурмагомедов пред една година зборуваше дека доколку нивната борба би се одржела во Русија би распродал стадион од 80.000 места колку што има капацитет Лужњики (за фудбалски натпревар).

Тоа би било борба кога би соборила сите рекорди во боречките спортови и каде што како што споменавме би се одржала пред 100.000 гледачи и борба која би донела заработка од милијарда евра.

Наскоро веројатно ќе дознаеме каква казна и евентуална суспензија ќе добие Нурмагомедов поради инцидентите. Но, според нас кога-тогаш сигурно не чека нова борба помеѓу Кабиб и Конр која ќе биде спектакл и ќе влезе во историјата по сите параметри. Таквите борби УФЦ не ги пропушта, како што беше случај со реваншот помеѓу Конор и Нет Диаз.