Дали мажите ќелават ако нанесат гел за коса

Дали мажите ќелават ако нанесат гел за коса

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сигурни сме дека и вие го поставувате ова прашање…

Производите за коса се многу популарни бидејќи им овозможуваат на мажите да креираат посакувани фризури кои инаку не би можеле да ги направат. Сепак, веројатно забележавте дека по нанесувањето на овие препарати ви паѓаат многу влакна од главата. Многу луѓе се плашат кога ќе го видат ова и веднаш помислуваат дека се виновни геловите и кремите за коса. Ова е делумно точно, па затоа ќе се потрудиме да ви објасниме дали производите за коса се навистина причина за вашето опаѓање.

Производите за коса ја сушат косата

Кога косата е сува, таа се крши. Голем број производи содржат алкохол, кој значително ја суши косата и на тој начин доведува до пукање. Познатите фризери советуваат дека мажите треба да користат производи за коса кои не содржат алкохол, па ќе избегнат да ја оштетат омилената фризура.

Количина

Примената на такви производи за стилизирање во големи количини никогаш не е добро. Па, ако гелот го нанесувате секој ден и во големи количини, тогаш ризикувате да изгубите поголем дел од косата на главата. Обидете се да ја оставите вашата коса да се опорави, затоа избегнувајте силни гелови.

Техниката на создавање фризура

Косата се оштетува и кога ја стилизирате. Ако користите силни фен за коса кои ви ја горат косата или користите четки кои ја влечат и кршат косата на главата, тогаш нормално е дека ќе изгубите дел од косата. Нормално е просечниот маж да губи околу 200 влакна на ден, затоа не плашете се ако видите неколку влакна во мијалникот.

Сè што треба да направите е да бидете умерени и да користите производи кои се нежни за вашата коса. Така нема да имате проблеми со ќелавоста.