Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вечното прашање на кое жените се обидуваат да најдат одговор е – Дали лебот дебелее?
Жените во Австралија избраа да веруваат во митот дека лебот треба да се јаде секој ден. Новото истражување покажа дека 43 отсто од жените избегнуваат да јадат леб кога сакаат да ослабат, додека 20 отсто се чувствуваат виновни кога јадат леб за оброк.
Студијата спроведена на 1.000 жени на возраст меѓу 25 и 65 години имаше за цел да го отфрли овој мит и да го промени ставот кон лебот.
Истражувањето покажа дека една третина од жените бараат поздрава алтернатива за лебот, додека 65 отсто сметаат дека здравата замена за лебот треба да биде подостапна. Освен тоа, родителите го ограничуваат внесувањето леб на нивните деца за да не се здебелат.
„Правилниот избор на леб може да донесе многу здравствени придобивки, вклучително и дигестивно здравје, повеќе енергија, здраво срце и тело. вели Шерон Натоли, нутриционист. Таа додаде дека нема докази дека лебот придонесува за дебелеење. „Луѓето не се свесни за значајните придобивки од лебот од цели зрна, како што се влакната, витамините Б, магнезиумот. – изјави Шерон.
Таа додаде дека лебот е храна која здравствените власти ја препорачуваат како дел од здрава, урамнотежена исхрана.