Дали и колку треба да се придржувате до правилата и советите од етикетите на облеката?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Оваа пролет, модните дизајнери ги обожаваат шарените материјали и транспарентни ткаенини чие правилно одржување е мошне важно.

Секој материјал има свои правила кога се работи за зачувување на бојата, отстранување на дамки, чувството на мекост и мирис кој ги освојува сите околу нас. Но, покрај убавите модели, дизајнерите споделија и неколку совети за материјалите:

Течен детергент или детергент во прав?

Темелната разлика е во тоа што детергентот во прав е подобар за бели и светли материјали и за отстранување на дамки, додека течниот детергент е совршен избор за облека која е направена од волна, свила, синтетика или памук и подразбира перење на пониски температури.

Кои се трите златни правила за брзо отстранување на дамки од бела и светла облека?

1. Веднаш ставете детергент во прав на дамката
2. Со кружни потези тријте ја дамката од две до четири минути
3. Што е можно побрзо ставете ја облеката на регуларно перење

Детергентот во прав често остава траги на облеката, па препорачливо е фармерките да ги перете на рака или наопаку за да го избегнете избелувањето. Ако ви се појави дамка на некој нежен материјал, ставете течен детергент на облеката. Течниот детергент е подобар избор и за шарена облека, бидејќи не содржи избелувач како што е случајот со универзалните детергенти во прав. Шарената облека треба да се пере наопаку, за да ја задржи бојата подолго.

Нега на волнена облека

Волната лесно може да се собере при перење, па затоа потребно е да се пере со посебен детергент за волна. Исто така, ако волнените џемпери, шалови и капи ги перете со универзален прашок, може да се појават дупки.

Правилно перење

Различните материјали потребно е да ги перете на различни температури. Перењето на превисоки температури може да резултира со кинење на материјалот, развлекување или гужвање. Иако памукот добро ги поднесува сите температури, препорачливо е перење на шарени памучни маици на 40°. Материјали кои најдобро се перат на оваа температура се: најлон, вискоза, шифон и фармерки. Чувствителните материјали како што е ленот, се перат на 30°. Облеката од свила или кашмир, најсигурно е да се однесе на хемиско чистење или да се испери на рака.

Ако сте погрешиле при перењето и сега имате маица со големина 42 наместо 36 број, постои еден трик. Развлечената облека намокрете ја во вода во која претходно сте ставиле шеќер. Оставете ја да отстои два часа. Потоа исперете ја облеката само со вода и нека се исуши. Шеќерот го зацврстува материјалот и го враќа во првобитната состојба.

Запаметете дека ознаките на облеката не се само украс. Нивното правилно читање е клуч за долг живот на облеката. Ознаките најчесто се поделени во пет категории: перење, пеглање, сушење, хемиско чистење и обелување. Најважно е да се придржувате до тие правила кога се работи за чувствителни материјали.