Дали ќе заборавиме на бела коса и брчки: Терапија која го успорува стареењето


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Побелена коса, брчки и физички болки кои инаку се појавуваат во староста можат да бидат реверзибилни, според мислењето на научниците. Тим од научници откри дека нова терапија со гените има неверојатен ефект на подмладување кај глувците.

По шест месеци терапија, глувците изгледале помлади, имале прав рбетен столб и подобро кардиоваскуларно здравје. Живееле 30 отсто подолго, а и побрзо заздравувале од повреди.

„Нашето истражување покажа дека стареењето не мора да биде еднонасочна улица. Со внимателни модулации, стареењето би можело да се сврти и врати наназад” – рече Хуан Карлос Белмонте, кој ја водеше студијата во Институтот Салк во Калифорнија.

Откритието на новата генетска терапија се уште не е достапно за примена на луѓе. Клинички студии ќе се вршат уште децении, но значајно е самото откритие на оваа терапија во третирањето на стареењето и разните состојби кои доаѓаат со тоа.

Научниците сакаат да докажат дека стареењето не е процес на физичка исцрпеност во текот на животот, туку дека е резултат на генетски промени кои предизвикуваат стареење на телото. Стареењето нема да може да биде прекинато ниту пак луѓето ќе бидат бесмртни, но ќе биде можно да се успори внатрешниот генетски часовник поради кој старееме.

Ова е и првпат успешно да се спроведе терапија на репрограмирање на клетките кај животните и нивно враќање наназад. Хемикалиите кои се користат во терапијата, по пат на инекции или креми можат да се користа за да се подмладат коските, мускулите и кожата, пишува Гардијан.