Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
8 и пол тони тешката кинеска вселенска станица „Тиангонг-1“ со забрзан и неконтролиран пад се движи кон Земјата, каде се очекува да падне помеѓу 24 март и 19 април, соопштија од Европската вселенска станица.
Оваа станица во вселената е исратена во 2011 година. Станицата е користена за мисии со екипаж и без, а во историјата влезе како првата вселенска мисија на жена астронаут од Кина.
Владата во Пекинг минатата година соопшти дека комуникацијата со станицата е изгубена, а со тоа и контролата врз неа. Поради тоа, таа ќе се сруши на Земјата, а во минатите недели започна да влегува во погустите делови на земјината атмосфера, поради што нејзниот пад забрза.
Според пресметките, поголемиот дел од станицата ќе согори во атмосферата, но сепак делови, тешки и до 100 килограми се очекува да паднат на Земјата. Калкулациите покажуваат дека таа ќе падне во Европа, а според една пресметка тоа ќе биде на Балканот.