Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Анџелина е подготвена да му даде втора шанса на Бред, откако актерот сериозно реши да поработи на своите проблеми со алкохолот.
Според блиски пријатели на познатата холивудска двојка, парот веќе неколку месеци не прави ништо околу разводот. Бред се обидува што повеќе да работи на себе и да ја врати довербата на својата сопруга. Таа пак го цени фактот што тој сака да ги поправи своите грешки, па не гледа причина зошто би брзала со бракоразводната постапка.
„Сите мислат дека ќе се смират. Нема да биде воопшто чудно ако се повлечат од разводот и ги решат несогласувањата“, открива интерен извор.
Парот се раздели во септември минатата година. Во меѓувреме таблоидите пишуваа дека и двајцата си нашле нови партнера.
Анџелина беше поврзувана со непознат Британец, додека Бред наводно имаше врска со атрактивната Сиена Милер.