Дали ќе работи на новиот Star Trek?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Култниот режисер и актер Квентин Тарантино би можел да раобти на филмот Star Trek, што поради неговиот специфичен концепт и начин на снимање филмови може да претставува вистинско изненадување за филмофилите и надеж за Paramount Pictures.

Според наводите од порталот Deadline, Тарантино ја споделил идејата за новиот Star Trek со продуцентот Џ. Џ. Абрамс, кој ги пренес идејата и планот на Paramount. Ако сè испадне според замислата, Абрамс ќе го работи сценариото, а Тарантино режијата.

Тарантино досега режираше и снимаше само свои филмови, како и неколку епизоди од сериите CSI и ER за телевизиски потреби, но ова би бил прв негов голем чекор надвор од неговиот концепт и начин на работа. Ова би бил прв ангажман на филм од голема франшиза, како и прв пат да се занимава со sci-fi жанрот.

Идејата е франшизата Star Trek да ја обработи еден од најголемите филмски автори на сите времиња, што истовремено претставува и нова насока во кариерата на Тарантино, кој во минатото работеше исклучиво на оригинални филмови.

Абрас го режираше Star Trek до 2009 година, како и продолжението Star Trek Into Darkness од 2013 година. Беше и продуцент на минатогодишниот Star Trek Beyond.