Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
На крајот од септември истекува рокот во кој важеше одложувањето на плаќањето на рати за кредит во банките од страна на задолжените граѓани.
Дел од економистите не веруваат дека граѓаните се спремни и советуваат нови шест месеци пролонгирање. Што ќе се случува со кредитите кои сега не се плаќаат и се ставени на стенд бај до октомври се уште не се знае.
Луѓето се уште не се спремни да продолжат да ги отплаќаат кредитите бидејќи се уште се финансиски неспособни од ковид-кризата коментираат граѓаните.
„Јас останав без работа и не можам да го отплаќам кредитот, државата согласност со банките ќе мора да изнајдат начин да го одложат плаќањето на кредити“, вели Кристина Стојановска.
Од почетокот на годината 16 800 работници останаа без работа, а тоа секако влија и врз нивната економкса моќ, 70 отсто од граѓаните кои имаат кредити во банките во март решија плаќањето да го одложат за шест месеци.
Податоците од банкарскиот сектор велат дека граѓаните повеќе замрзнувале потрошувачки кредити, а помал процент на хипотекарни, односно станбени кредити.