Дали ќе има ново одложување на плаќањето на кредити?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Дали и во Македонија, слично како во соседна Србија, има можност да се одложи плаќањето на кредитите и после септември?

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ разговарал со гувернерот на НБС, Јоргованка Табаковиќ, за дополнителен мораториум за отплата на кредитите од одредени услови, како за физички лица, така и за компаниите, барем уште два месеци.

Од македонската банкарска асоцијација велат дека уште е рано да прогнозираат како ќе се одвиваат настаните по октомври кога завршува мерката.

Со владина уредба на стартот на корона кризата беше одложено плаќањето на ратите за кредитите за фирмите и граѓаните до 01 октомври. 70% од граѓаните ја користат мерката.