Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
По утрешната седница на Регулаторната комисија за енергетика конечно ќе се знае дали ќе има мало намалување на цената на струјата.
Според барањата на енергетските компании, ЕВН побарала 9 отсто зголемување за крајните потрошувачи, а ЕЛЕМ побарале намалување од 1,5%, додека МЕПСО не навеле процент.
Конечната одлука се носи утре од страна на новиот состав на Комисијата. Регулаторната комисија најави дека ќе се поедностави процедурата за приклучок на струја, но и дека има можност да се намали цената за приклучок која сега изнесува 500 евра, во општини кои имаат ДУП.