Home Актуелно Дали Канје ги „фрли в дупка“: Адидас бележи вртоглави загуби и пад на пазарната вредноста за 3 милијарди долари

Дали Канје ги „фрли в дупка“: Адидас бележи вртоглави загуби и пад на пазарната вредноста за 3 милијарди долари

Акциите на германскиот производител на спортска опрема „Адидас“ минатата недела доживеаја вртоглав пад за над десет отсто, што е најголем забележан пад кај компанијата во изминатите скоро три години. Со ова, пазарната вредност на компанијата падна за три милијарди долари.

Компанијата по третпат во последните четири месеци ги намали предвидувањата за висината на добивката на крајот на оваа година.

Според пресметките, „Адидас“ во најдобар случај годината ќе ја заврши на „позитивна нула“, а во најлош – може да загуби до 700 милиони долари. Причината за проблемите на компанијата беше раскинувањето на договорот со контроверзниот рапер Канје Вест, со кој „Адидас“ ја дизајнираше колекцијата „Јизи“. Тој беше „набркан“ од спонзорскиот договор откако изнесе антисемитски ставови во интервју, по што и други големи компании му го свртеа грбот и го загуби поголемиот дел од своето богатство.

Извршниот директор на „Адидас“ Бјорн Гулден денеска предупреди дека дебаклот со моделот на „Yeezy“ патики може да ја доведе компанијата до загуба од 700 милиони евра.

Како што пренесува „Блумберг“, Гулден изјавил дека „Адидас“, на чие чело Норвежанецот дојде во јануари, е на пат да забележи загуба за првпат по повеќе од 30 години.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…