Вебкафе

Дали ја забележувате Фотошоп грешката на семејната фотографија од австралискиот премиер?

Откако беше забележана смешна Фотошоп грешка на неговата семејна фотографија, австралискиот премиер Скот Морисон се најде на удар на потсмев и ремет на социјалните мрежи.

Од неговиот кабинет семејната фотографија му ја преработиле со фотошоп, така што изгледа како да има две леви нозе.

Фотографијата на која се гледа премиерот со своите две деца и сопругата, а требало да биде насловна на неговиот профил, тој носи бели патики, а и двете се леви.

Оној што ја фотошопирал фотографијата сигурно имал добра намера , сакајќи да ги прикрие старите и нечисти со нови и бели патики. Но направил грешка доволна за на социјалните мрежи и во јавноста да се појават шеги , па дури и фотошопирани фотографии од целиот владин кабинет со леви патики.

По бројните шеги, на Твитер се огласи и самиот Морисон , кој на шега порача дека наместо да му ги фотошопирале патиките би бил посреќен да му ја дотерале косата.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top