Дали и кој го криел во фиока случајот со дипломатскиот скандал во кој е вмешан уапсениот Миленковски?


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Единствен документ кој го добило МНР, кон крајот на 2019 е писмо од МВР преку кое прашале дали тројцата дипломати меѓу кои и сега уапсениот Миле Миленковски поседуваат дипломатски пасоши, пренесува Канал 5.

И дали во 2018та биле на службено патување, тврди шефот на дипломатијата Бујар Османи. Откако одговориле, вели Османи, не добиле никакви сознанија дека е распишана потерница за Миленкоски. Небитно за него е како што вели, зошто Миленкоски бил упатен како заменик шеф на мисијата на ОБСЕ во Австрија со оглед на тоа што поседувал безбедносен сертификат издаден во февруари 2019 и немал никаков притисок за да го стори тоа.

Документот кој бил доставен од МВР на својот Фејсбук профил го објави пратеникот и поранешен министер за надворешни Антонијо Милошоски. Османи не сака да ги коментира прашањата упатени од Милошоски тврдејќи дека се политичка провокација но признава дека целиот скандал ги обелоденил слабостите на издавање на безбедносни сертификати.

Во врска со посоченото од Османи реакција нема од АНБ како една од институциите задолжена за безбедносни проверки ниту пак од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации како надлежна за издавање на националните сертификати за безбедност.

И денеска премиерот Заев вели дека ќе ги чека деталите за случајот порачувајќи дека секој што го прекршил законот треба да одговара.

Миленковски, како што пишуваат медиумите, пред три години со уште двајца дипломати со приватен авион успева да го извлече од Ерменија и да го пренесе во Виена, ерменскиот бизнисмен и политичар Левон Саргсјан, баран за низа корупциски скандали во земјата, наводно брат на екс ерменскиот претседател. Иако потерницата по Миленковски датира од пред година и пол, случајот излегува на површина дури откако тој пред десетина дена е приведен и притворен од српската полиција.