Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Со стартот на летната сезона на самиот праг, туристичките летувања во регионов остануваат под знак прашалник. Европската комисија предложи отварање на границите на 15 јуни, но со изработен протокол кој туристите ќе треба да го следат.
Според Стопанската комора за туризам, почитување на основните мерки односно носење заштитна маска и дезинфекција е доволно за патување надвор од земјава.
„Не треба да има дополнителни изложувања на патниците за екстра трошоци како правење на тестови бидејќи тие не се гранција ниту дека ќе отидете заразен во странство, ниту дека ќе се вратите заразен. Предлозите што беа три дена пред патување да бидете тестирани не е гаранција дека нема во тие три дена да се заразите, сметаме дека тие се непотребни трошоци“, вели Емил Димитровски, претседател Стопанска комора за туризам.
Дел од европски земји испратија порака до своите жители оваа година летниот одмор да го поминат во својата земја. Надлежните и кај нас со онлајн кампањата „Дома си е дома“, ќе се обидат да го спасат туризмот од кризата со коронавирусот.
„Во 2019 година околу 300 илјади домашни туристи оствариле патување надвор од државата. Во овој момент би ги повикал оваа година да го направат во Македонија. Со ова не само што ќе доближиме до бројката 1,6 милиони ноќевања, туку ќе имаме нешто повеќе од 2 милиони ноќевања и на тој начин ќе му погнеме на туристичкиот сектор кај нас“, рече Љупчо Јаневски- Агенција за поддршка и промоција на туризмот во Македонија.
Иако границите на поголемиот дел земји од светот се затворени, Хрватска и Туриција официјално ја отворија туристичката сезона. Албанија најави старт на сезоната за почетокот на јуни, но се анализира какви предуслови ќе им се поставуваат евентуално на дојденците. Грција очекува балканските туристи да ù ја спасат сезоната, но ниту таму не се знае дали ќе има некакви дозволи за влез на странци. Кај нас и понатаму се чека владина одлука кога ќе бидат отворени границите.