Дали и Apple ќе се наметне како конкуренција на пазарот со флексибилни паметни телефони?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сè повеќе докази пристигнуваат до јавноста за тоа дека Apple работи на флексибилен iPhone модел. Досега беа откриени неколку патенти и концептуални дизајни.

Меѓутоа, најголем број од овие фотографии прикажуваат уред со екран на превиткување. Сега прв пат се појавуваат информации за iPhone со два екрана, кои се поврзани со шарка.

Аналитичарот на пазарот и дојавувач Џон Просер неодамна објави информации, каде што споменува дека моментниот прототип на флексибилен iPhone нема баш свиткувачки карактеристики.

Уредот би требало да имаат два одвоени дисплеј панели, со заоблени рамки, како кај iPhone 11 моделот. Новиот уред би го отфрлил засекот во екранот, додека Face ID поддршката би била имплементирана во екстерниот дисплеј. Останува да се види во која фаза моментно се наоѓа споменатиот прототип и дали телефонот во ваква форма ќе пристигне на пазарот.