Дали го знаете правилото „5,7 сантиметри“?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Можеби сакате после летото некоја драстична промена, на пример скратување на косата, но не сте сигурни како ќе ви стои.

Еден од познатите британски фризери, Џон Фрид, откри трик како едноставно да дознаете, а тоа носи име правило 5,7 сантиметри кое денес го користат фризерите во целиот свет.

Пред да се оди на фризер со желба за таква промена земете линијар, кројачко метро и молив за да не си одите од фризер со крокодилски солзи.

„Наместете го метрото од коренот на увото, а хоризонтално со брадата ставете го моливот и спуштете го метрото до моливот. Ако оддалеченоста меѓу врвот на вратот и брадата се помали од 5,7 сантиметри тогаш сте личност на која кратката коса ќе и стои поубаво“, објасни Џон.