Home Актуелно Дали го видовте метеоритот кој предизвика паника во Бугарија?

Дали го видовте метеоритот кој предизвика паника во Бугарија?

Силна светлина и силен татнеж вчера вечерта беа забележани во северозападна Бугарија.

Порталот Новини.бг објави дека причината за тоа најверојатно била пад на метеорит, во 21.49 часот.

Жители на местата Видин, Монтана, Берковица и Белоградчик пријавиле дека виделе светлина и силна бучава.

Други очевидци коментирале дека и во Софија се осветлило небото.

„Околу 22 часот се слушна татнеж на територијата на Видинско. На терен веднаш се испратени екипи на МВР на Видин, кои извршиле увид. На лице место нема извештаи за повредени лица, предизвикани пожари, ниту материјална штета“ – соопштија од полицијата.

Романските власти информираат дека се работи за метеорит кој најверојатно експлодирал во воздух.

Многумина и во Македонија тврдат дека ја виделе светлината.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…