Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Откако вчера на пресконференција претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека го сменил државниот секретар Рекс Тилерсон и на негово место го поставил Мајк Помпео, една од новинарките кои беа присутни на изјавата за медиумите го праша Трамп дали го сменил Тилерсон бидејќи овој го нарекол морон.
Trump was asked if he fired Rex Tillerson because he called him a “moron.” He didn’t answer. https://t.co/8NCf07VVwy
— Meg Wagner (@megwagner) March 13, 2018
„Дали го отпуштивте бидејќи ве нарече морон?“, беше доволно гласна и јасна новинарката.
„Што?“, се правеше наудрен Трамп.
„Дали го отпуштивте бидејќи ве нарече морон?“, повтори јасно и гласно новинарката.
„Кажете го тоа уште еднаш“, дофрли Трамп, но не дочека и по трет пат да биде повторено прашањето, а и новинарката не се обиде повторно да го постави.