Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ако сте и вие еден од оние луѓе кои не си заминуваат од тренинг додека маицата добро не се натопени со пот, тогаш треба да знаете пар работи поврзани со вежбањето и потењето.
Многумина мислат дека со потење на тренинг или вежбање се топи вишокот масно ткиво од телот. Во суштина, голем број рекреативци тренираат токму за што повеќе да се испотат и не се задоволни од тренингот ако маицата не е направена „жива вода“. Некои одат и чекор понатаму, па носат дополнителна облека со цел повеќе да се потат и така „побрзо да губат килограми“.
Меѓутоа, потењето за време на вежбањето нема никаква врска со согорувањето на масните наслаги, а прекумерното потење може да биде контрапродуктивно, па дури и штетно.
Човечкото тело има помеѓу 2 и 5 милиони потни жлези кои служат за регулација на телесната температура, па така, со исфрлање на водата се предизвикува снижување на температурата од телото и би се контроирала за време на физичките активности.
Губењето на телесни течности за време на било каков тренинг претставува одреден степен на дехидрирање, што секако не го сакаме за нашето тело, бидејќи со тоа губиме и електролити, кои имаат важна улога во организмот, особено кога сме физички активни.
Поради тоа, не е препорачливо на тренинг да се предизвикува прекумерно препотување, бидејќи со тоа се намалува работната способност и побрзо се уморувате, а нема ништо посебно да постигнете во поглед на трошењето повеќе калории. На крајот, повеќе се исплаќа да направите подолг тренинг, отколку да завршите побрзо поради замор кој се јавува како последица на зголеменото губење телесни течности.
Исто така, дехидрирањето ја намалува оксидацијата на масните клетки, поради што прекумерното потење не создава добри услови за слабеење.
После тренинг вагата можеби и ќе покаже некој килограм помалку, но тоа е на сметка на изгубените течности и сето тоа ќе се врати веднаш штом ќе почнете да пиете вода.
Целта на тренингот не смее да биде потењето и тоа не е показател за квалитетен или лошо одработен тренинг, односно дали сте стопиле или не вишок масни наслаги. Дали сакате да слабеете или не зависи од тоа дали добро сте го избалансирале внесувањето и потрошувачката на калории. Ако со редукција на храната го намалите внесот на калории, а со добар тренинг ја зголемите потрошувачката на истите, резултатите нема да изостанат.
Поради тоа, отсега па натаму, кога ќе правите било какви физички активности, не се трудете што повеќе да се испотите, туку водете сметка за доброто рехидрирање со адекватно конзумирање на течности.