Дали е пожелен секс за време на бременоста?

Дали е пожелен секс за време на бременоста?

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Време исполнето со бројни прашања, дилеми, сомнежи. Покрај очекуваната радост, тука е и стравот што се јавува кога мислиме дека нашите можни непромислени постапки можат на одреден начин да му наштетат на нашето бебе. Иако секоја мајка пред се ја става благосостојбата на своето идно дете, не треба да се избрзува со заклучоци кога станува збор за одредени претпоставки.

Многу честа дилема со која се соочуваат трудниците, особено во поодмината бременост, е – дали е пожелен секс во бременоста? Ако имате отворена и искрена врска со вашиот гинеколог, тогаш веројатно веќе сте му го поставиле ова прашање, па го знаете одговорот. Но, за сите оние на кои им е непријатно да се вклучат во јавен разговор на оваа тема, еве одговори поткрепени со факти.

Сите видови на интимни врски во врска се важни, без разлика дали жената е во друга состојба или не. Така, како што партнерот постојано ве гушкаше, бакнуваше, ви обрнуваше внимание додека сеуште се забавувате и додека водевте љубов на сите можни пози и на сите достапни места, така треба да продолжите и во моменталната ситуација. Затоа што интимноста е важна. Тоа придонесува за среќата на поединецот. И среќната трудница го репродуцира своето задоволство на своето бебе.

Точно, работите драстично се променија. Се менувате од ден на ден. Можеби на почетокот на бременоста сте страдале од горушица или мачнина, па сексот не ви паднал на памет, барем не наутро. Но, како што поминува времето и се помирувате со вашиот стомак кој постојано расте, несомнено се наметнува потребата за нежност кај вас. Важно е со партнерот отворено да разговарате за вашите стравови, дилеми и можности, за да не стекне впечаток дека го одбивате поради некоја друга причина.

Ако се е во совршен ред со бременоста и ако се чувствувате добро, нема доволно добри причини зошто сексот треба да отсуствува. Веројатно ќе биде потребно да се најде нова поза, односно да се приближиме еден кон друг, но тоа води само до поинтересен настан. Така, ако бременоста тече и немате никакви тешкотии со неа, можете слободно да се препуштите на убавината на водење љубов без страв дека тоа ќе доведе до предвремено породување или спонтан абортус.

Машкиот генитален орган во никој случај не може да му наштети на бебето, бидејќи е совршено заштитенo во утробата. Сепак, тие треба да избегнуваат премногу длабока пенетрација бидејќи можат да бидат болни. Освен тоа, научно е потврдено дека жените кои имаат редовен секс за време на бременоста полесно го поднесуваат породувањето. Затоа драги дами, опуштете се и уживајте!