Дали е паметно да вежбате на отворено ако живеете во средина со загаден воздух?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Иако физичката активност и вежбањето се едни од клучните фактори за здрав живот и добра здравствена состојба, загаденоста на воздухот и вежбањето не се здрава комбинација. Ова посебно е важно да го имаат на ум луѓе кои страдаат од астма, дијабетес, срцеви или белодробни заболувања.

Дури и ако не вежбате, изложеноста на загаден воздух може да ви предизвика здравствени потешкотии и проблеми. Но, комбинацијата од загаден воздух и вежбање ги зголемува шансите за потенцијални заболувања.

Една од причините за зголемен ризик може да биде и фактот дека за време на физичките активности подлабоко вдишуваме при земањето воздух, па поради тоа и поголемо количество на воздух стигнува до нашите бели дробови.

Она што не е целосно јасно кога е во прашање вежбањето во загадена средина, е колку време треба да бидете изложени на загаден воздух за да почувствувате последици од таа изложеност по вашето здравје. Истражувањата покажуваат дека долгорочните бенефиции од физичката активност и вежбањето ги надминуваат ризиците поврзани со изложеноста на загаден воздух.

За да останете здрави додека вежбате, фокусирајте се на начинот на кој можете да ја минимизирате вашата изложеност на загаден воздух. Ова може да ви успее на повеќе начини. Еве некои од нив.

Следење на нивото на загаденост на воздухот

Повеќето држави веќе имаат систем кој ја покажува загаденоста на воздухот. Можете и да ги контактирате локалните болници или лекари за да добиете такви информации, ако ги имаат. Освен тоа, постојат безброј интернет сајтови и апликации кои даваат информации за тоа колку е загаден воздухот во вашата средина.

Внимателно бирање на време кога ќе вежбате

Избегнувајте да вежбате надвор, или намалете го интензитетот и должината на физичката активност ако загадувањето на воздухот е во пораст. Избегнувајте ги таквите периоди од денот. Загадувањето на воздухот е најголемо во попладневните и вечерните часови. Оттука, избегнувајте да вежбате во овие делови од денот.

Вежбањето и во затворен простор

Менувајте ја понекогаш рутината на вежбање и префрлете се и во затворен простор. Посебно во деновите кога загаденоста на воздухот е преголема.