Вебкафе

Дали е ова најголемото новороденче на светот?!

Бебе тешко 7,39 килограми е родено на Нов Зеланд и се претпоставува дека тоа е најтешкото бебе родено во оваа земја.

Радио Нов Зеланд пренесе дека мајката, чиј идентитет не е откриен, се породила во болницата во Велингтон и на свет донела машко дете тешко 7,39 килограми. Не постојат информации дека во оваа земја е родено потешко бебе.

Породувањето било извршено со царски рез и траело повеќе од три часа. Бебето е долго 57 сантиметри и има двојно поголема тежина од нормалата.

Од болницата е потврдено дека мајката и бебето се добро. Првото бебе во истото семејство било тешко 5,4 килограми

Advertisements
To Top